Хипократ рекол „Зошто да умре човек во чија градина расте жалфијата?”, мислејќи на моќноста која ја поседува оваа билка да дава здравје и долговечност на луѓето кои ја користат.

Многумина не ја сакаат зимата и поскоро би ја преспале во хибернација како мечката, затоа што со неа секогаш доаѓа и сезоната на грипот, настинките, вирозите и разни други воспаленија.

Тогаш и лекарските ординации се преполни со пациенти. За да не се доведете во ситуација да настинете и стоејќи во чекалните да „закачите” суперинфекција, пробајте ги овие стари лекови кои со векови наназад ги заштитувале луѓето од разни болести.

Рецептите се најдени во старите записи на руските православни манастири. Имено, една од намирниците кои секојдневно ги користиме при готвењето, истовремено претставува и лек за низа болести.

„Зошто да умре човек во чија градина расте желфијата?” – Се прашувал Хипократ, споменувајќи ја билката која исто така, со илјадници години се користела како антибиотик.

pixabay.com

Жалфијата (Salvia officinalis) е особено добра за грлото, инфекции на дишните патишта, како и инфекции во устата.

Корисна е и за желудочни инфекции и проблеми со цревата, а помага и при намалување на температурата, грозница и болки во телото кои се јавуваат на почетокот од настинката и грипот.

Арапите, исто како и Кинезите и Римјаните, верувале дека жалфијата е клуч за долг живот. Има антибактериски, антифунгални и антивирусни својства.

Од друга страна, научно е докажано дека циметот може да ги yбие повеќето бактерии, па дури и оние кои се отпорни на стандардните антибиотици, а помага и против Ешерихија коли.

Само лажичка цимет, покажало едно истражување, yбива 99,5 % од тие бактерии за три дена на собна температура.

Затоа, за здрав и долговечен живот, запишете си ги овие три добри и проверени рецепти:

1.РАКИЈА ОД ЖАЛФИЈА

Околу 250 г листови од жалфија потопете во 1,5 литар ракија, најдобро лозова. Оставете да отстои три седмици, а потоа процедете и измешајте со 1,5 кг неутрален мед од багрем.

Промешајте и преточете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште три седмици. Повремено протресете, а после овој период можете да започнете со консумирање: по ракиена чаша секојдневно.

2.ТИНКТУРА ОД ЖАЛФИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ

Во 100 мл алкохол 70% ставете 20 грама исечкани листови од жалфија. Оставете на топло да отстои еден месец.

Потоа процедете и преточете во посебно стаклено шишенце со пипета. Употреба: По 10-15 капки од тинктурата во малку вода, сок или чај, трипати дневно. Забрането е за трудници и деца.

3.ЖАЛФИЈА И ЦИМЕТ ПРОТИВ БРОНХИТИС

Растопете две лажички шеќер како карамел, па прелијте со половина литар млеко, исто како кога приготвувате карамел-млеко со путер против кашлица.

Кога ќе зоврие, тргнете од оган и додајте една лажичка ситна сува жалфија и половина лажичка цимет во прав.

Оставете да отстои 10-тина минути, а потоа процедете и пијте трипати во текот на денот по една третина од приготвенит напиток. Пред пиење малку загрејте го.