Трајна корекција на вдлабнат граден кош – Функционална и естетска промена за понатамошен нормален живот
Вдлабнат граден кош или Пектус инфундибилиформе- екскаватум е најчест вроден деформитет на градниот кош. Кога некој има ваков вдлабнатиот граден кош најчесто неколку ребра од градната коска растат абнормално, правејќи конкавитет(вдлабнување) на предниот ѕид од градниот кош и стернумот.
Постојат неколку хируршки техники за корекција на градниот кош, меѓу кои и минимално инвазивната процедура на Dolnad Nuss, кој од 1987 година наоѓа се поголема примена во секојдневната пракса, која ја практикуваме во Zan Mitrev Clinic.
При оваа процедура со помош на метални шипки кои се нарекуваат бар-ови се влегува од едната до другата страна на градниот кош на висина на деформитетот и со свртување на шипката се поткрева градниот кош и со тоа се коригира.
При деталното испитување и проценката за степенот на пектус деформитетот се прави нативна компјутерска снимка- која служи да го објективизира компресивниот ефект врз белите дробови, потоа спирометрија- со која пак се проценува функционалното нарушување на белодробието.
Ехокардиографското испитување е значајно за да се процени компресивниот ефект врз десната комора и десната преткомора на вдлабнатиот преден дел на стернумот.
Воедно со ехокардиографскиот преглед треба да се исклучи евентуално постоење на миксоматозни промени на самите залистоци на митралната валвула и евентуално нарушена функција на истата.
Од ова е и евидентно дека хируршката корекција на овој деформитет не е само козметичка туку и превентивна процедура за трајни и тешки последици на белодробната и срцевата функција кај детето во развој.
После корекцијата на градниот кош бар шипките како остеосинтетски материјал се носат неколку години и потоа се вадат. Корекцијата е трајна. Во тек на првите 2-3 месеци следи поштеда од физичка активност и носење на товар, а потоа лицето се враќа во сосема нормален живот.
Во Zan Mitrev Clinic до сега се коригирани над 20 вакви случаи на пациенти на возраст од 9 до 35 години. Пациентите најчесто се од земјава и пошироко од регионот, Хрватска, Косово и еден пациент од Велика Британија кои деновиве си замина во својот дом по вадење на пектус барот којшто му беше ставен во нашата клиника во август 2014 година.
Промената што ја имаше направено овој бар во градниот кош на овој пациент беше навистина успешна и видилива. Градниот кош сега е без вдлабнатини, сосема природно изгледа и со максимално уредна функција.
Тој го раскажува своето патешествие за тоа како живеел со ваков визуелен но и функционален проблем триесетина години по што конечно го нашол спасот, решението, токму во нашата клиника.
– Замислете како може да живее еден млад човек со ваков деформитет на градниот кош. Замислете колкав физички но и психолошки притисок тој ми правеше сите овие години.
Навистина сега се потсетувам и кога се гледам во огледало се восхитувам на она што го направи доктор Жан Митрев со мене во неговата клиника. Навистина му благодарам неизмерно. Јас сега живеам и работам во Италија инаку сум од Велика Британија.
Уште во мојот првичен дом, во Лондон, читав за оваа операција и бев решен да додјам токму во вашата клиника и да го решам овој мој проблем. Така и се случи кога во 2014 година дојдов и ми беа поставени шипките во градниот кош по што се до сега траеше нивното носење и сега според планот дојдов да ми ги извадат.
Иако првиот пат имав малку болки поради имплантот сега целата процедура помина многу поедностано и поглатко. Задоволен сум генерално од сè. Се чувтсвувам одлично за што помогнаа сите, целиот персонал, којшто ниту еден момент не ме остави сам. Навистина овде пациентот е на први место – сведочи нашиот пациент кој веќе е дома и продолжува со неговиот нормален живот и секојденевие.
Zan Mitrev Clinic му посакува успешно закрепнување, во кое сме сигурни, и многу здравје во иднина.