Рецепт и видео презентација на Амина Хусиќ – Погача со моцарела, се топи во уста. Оваа погача се приготвува многу лесно и едноставно, а што е најважно, освен што е браз, исто така е и многу вкусна. Изненадете ги вашите најблиски, но и вашите гости. Пригответе ја погачата во првата пригода.
Рецептот за оваа превкусна погача ни го испрати нашата драга пријателка Амина Хусиќ, за која таа има приготвено и видео. Во видеото можете да ја погледнете целата постапка. Потребни состојки: 250 г брашно, 1,5 лажичка сув квасец, 2 супени лажици шеќер, ½ лажичка сол, 3 лажици растопен путер, 1 јајце и 125 мл млако млеко.
За прелив: 1 јајце, 2 супени лажици путер, 1 чешне лук, 2 супени лажици млад кромид и 2 парчиња моцарела. Постапка: Во 250 г брашно додадете 1,5 лажичка сув квасец, 2 супени лажици шеќер, ½ чајна лажичка сол, 3 супени лажици растопен путер, 1 изматено јајце, 125 мл топло млеко.
Добро промешајте прво со шпатула, а потоа со раце. Тестото е многу меко и лепливо, па потребно е да се измеси додека да се одвои од ѕидовите на садот.
Префрлете го на набрашнета работна површина, нежно премесете го и формирајте топка. Префрлете го тестото во претходно обложена со хартија и малку намастена тепсија и прекријте го со проѕирна фолија. Оставете го да стасува околу половина час.
За премачкување: Изматете едно јајце во посебен сад, а во дриг сад измешајте, две супени лажици путер, истолчено 1 чешне лук и 2 супени лажици исечкано младо кромитче (зелени перца).
Стасаното тесто малку истапкајте го со дланките како тесто за пица, само подебело, а потоа со со остар нож исечете го на ленти со растојание од приближно 1,5-2 см, а потоа и на коцки.
Погачата премачкајте ја со изматено јајце, а потоа премачкајте ја со путер-смесата. Со помош на лажица направете “џепови” во кои ќе ставите исечкана моцарела. Ставете да се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Целата постапка можете да ја видите во видеото: