Фото и рецепт: Верче Илиоска
Декоративни и вкусни, одличен прилог на секакво јадење!

Потребни состојки:

600 г брашно
30 г квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
околу 350 мл вода
50 г путер за премачкување

Постапка:

Квасецот и шеќерот прелијте ги со топла вода и промешајте ги да се растопат, па оставете ги 10-тина минути на топло додека да запени.

Брашното просејте го, додадете ги наведените состојки и активираниот квасец, па замесете мазно тесто. Тестото покријте го и оставете го да отстои 45-60 минути додека двојно да се удвои.

Потоа од тестото развлечете тенка кора. Со чаша или калап вадете кругови со пречник 8-10 см. Првиот круг премачкајте го со путер, преклопете го со втор круг, премачкајте го со путер и преклопете го со трет, последен круг тесто.

Со прстите притиснете ги круговите, па втиснете дршка од дрвена лажица.

Свртете и повторете ја постапката.

Цветовите покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути. Потоа можете да ги печете во загреана рерна на 200 степени, претходно премачкани со жолчка и млеко, а можете и да ги варите на пареа.

ВАРЕЊЕ НА ПАРЕА

Хартијата за печење исечете ја на квадрати, а на секој квадрат ставете по еден цвет. Може да се варат на 3 начини:

1.Цветовите ставете ги во апарат за варење на пареа 15 минути.

2.Во еден сад налејте вода и ставете на оган за да зоврие, па врз неа ставете сад со дупчиња. Наредете неколку цветови, поклопете и варете ги 15 минути.

3.Доколку немате сад со дупчиња, поголемиот сад наполнете го со вода, покријте го со газа и цврсто врзете ја. Потоа врз газата наредете ги цветовите, поклопете ги и варете ги 15 минути.

Фото: Катерина Наскова