Бабите и дедовците играат голема улога во развојот на нашиот карактер, нашето растење, начинот на кој ги гледаме и чувствуваме нештата. Децата кои пораснале и биле во контакт со своите баби и дедовци имаат поздрав однос кон повозрасните лица и знаат да ги почитуваат старите лица.
Меѓутоа, тоа се само некои од предностите на оваа посебна врска. Некои велат дека постои нешто посебно во љубовта кон внуците.
Трансакцијата на ДНК информациите низ многу генерации навистина е чудо. Само замислете барем еден дел од себеси, кој егзистирал 10 илјади години порано, пред вас?
Во конзистентноста на човештвото и сопствените информации постои нешто посебно. Во секој случај, духовната поврзаност помеѓу нас и нашите предци, баби и дедовци е врска која е вон генетските информации.
Тоа е посебна врска во која децата учат за љубовта, почитта, вредностите… Исто така, многу научуваат за старите времиња, како било и како се живеело порано, за старите животни обрасци и за тоа како нивните баби и дедовци се бореле за изградба на подобра иднина. Иднина во која тие, нивните внуци ќе живеат.
Мртвите дедо и баба сè уште се на местата каде најмногу поминувале време со својата фамилија. Можеби е тешко за верување, но тие секогаш се тука за нас. Тие се присутни во секој дел од вашиот живот, живеат во вашето срце и ве водат преку сеќавањата.
Можете да ги почувствувате дури и во неживите објекти како што е нивната облека, мебелот или нивните рачни изработки. Значи, задржете некои работи од нив и негувајте ги.
Тие секогаш ќе бидат тука за да ви покажат дека треба да уживате во секој миг од вашиот живот. Никогаш нема да ве напуштат, дури и ако живеат само во тишина.
Тие ќе исчезнат, а вие нема да можете да ги видите, но кога тоа најмалку ќе го очекувате, ќе ја почувствувате нивната присутност и охрабрување. Размислувањето за дедовците и бабите ќе ви донесе позитивни вибрации на телото и добри спомени.
Ако дедото и бабата се живи, јавете им се! Не се воздржувајте, животот е краток, уживајте во нивното присуство колку што можете повеќе!