Фото и рецепт: Авдија Сисиќ
Мора да признаеме, ова е многу интересна идеја. Во прилог даден е рецепт за приготвување на ориз и гулаш, но дадени се само како примери. Детални рецепти за истите можете да пронајдете на нашиот портал или на интернет.
Потребни состојки:
1 кесичка ориз
1 лажица путер
зачини по вкус
Постапка:
Оризот измијте го и сварете го според упатството на кесичката, 10 минути. Откако ќе се свари, додадете 1 лажица путер и зачини по желба. Оризот можете да го приготвите и според ваш рецепт.
За формирање на вулканот, потребни ви се еден помал и еден поголем сад. Поголемиот сад намастете го со путер од внатрешна страна, а помалиот сад намастете го од внатрешната страна. Помалиот сад ставете го во поголемиот (превртен).
Ставете го оризот во меѓу просторот, одозгора притиснете малку со лажица, а потоа преклопете со поголема чинија и преврете ги садовите, па внимателно отстранете ги. Почекајте оризот да се олади, па полека во него со кутлача ставете го врелиот гулаш.
Потребни состојки за гулаш:
600 г јунешко месо
малку грашок по желба
малку морков
зачини по желба
1 готов сос за гулаш
Постапка:
Сите состојки варете ги 40 минути во тенџере. Изматете сос за гулаш и додадете го, па оставете на тивко да крчка уште 10 минути.