На местото каде се среќаваат Тихиот и Атлантскиот океан, кај ‘Ртот Хорн, снимено е величенствено видео од еден туристички брод на кој границата помеѓу двата океани е јасно видлива – како на географска карта, оставајќи впечаток дека нивните води не можат да се измешаат.
Атрактивната видео снимка е направена некаде на најјужниот врв од Јужна Америка. Меѓутоа, границата помеѓу двата океана е јасно видлива само некое време, бидејќи водите на океаните сепак се мешаат, само што тој процес трае “малку” подолго време отколку што ние би очекувале – објаснуваат експертите.
Имено, за да се измешаат нивните води само неколку центиметри, потребни се неколку денови, бидејќи и за овие водени површини важат истите механизми за мешање како и за другите течности: Дифузијата на две течности и физичка агитација, односно физичкото влијание врз мешањето – брановите, струјата, ветровите…
Исто така, густината на океаните може да влијае врз создавањето на овие видливи “граници”, поради разликите во салинитетот на водите. Потоа, тука се и приливите на слатките води од топењето на глечерите, големи реки кои внесуваат одредена количина на глина во океанот, со што ја менуваат неговата густина и боја..
Меѓутоа, на крај сепак се мешаат…
Погледнете го видеото: