Солена торта сите прават, не е ништо ново, но оваа е комбинација од повеќе, па можеби ќе ви се допадне идејата.
Потребни состојки: 300 мл млеко, 4 лажици брашно (користев остро), 4 јајца, сол, ½ прашок за печиво, 2-3 лажици обарен спанаќ и 2 лажици полни до врв ајвар.
За фил: околу 900 мл кисела павлака, 4 лажици мајонез, 1 лажица сенф, 250 г крем сирење абц, околу 300 г шунка по избор, околу 300 г кашкавал, 4 тврдо варени јајца и кисели краставички, свежа пиперка, пченка, сол
Постапка: Во 300 мл млеко промешајте 4 лажици брашно и сварете го како пудинг, со постојано мешање додека да згусне. Оставете го на страна да излади. Одвојте ги белките од жолчките. Во белките додадете малку сол (1 мала лажичка за кафе) и изматете цврст снег од белки.
Во изладеното млеко и брашбо додадете ½ прашок за печиво и со матење со миксер додавајте полека 1 по една жолчка. Полека со лажица или со рака додадете го смегот од белки.
Ставете да се пече во тепсија обложена со харија околу 15-20 минути на 180 степени. Тепсијата е помала околу 20х40 см. Кога е печена кората не смее да биде сува, но кога ќе се олади ќе биде супер.
Испечете 4 вакви кори или во зависност од тоа, колкава сакате да ви биде висока тортата. Јас испеков три кори, па сакав да ми биде повисока и и затоа испеков уште една.
За да добиете шарени кори: На првата кора додадете и малку ајвар. На втората кора додадете и спанаќ. На третата и додадете малку мак. На четвртата не и додавајте ништо. Ајварот, спанаќот и макот се додаваат пред да се промешаат белките.
За фил: Киселите краставички и пиперката исечете ја многу ситни коцкички. Саламата, кашкавалот и јајцата изрендајте ги.
Измешајте кисела павлака, мајонез, крем сирење и сенф. Издвојте еден дел кој ќе ви биде потребен за премачкување на тортата. Во остатокот додадете ги останатите состојки (саламата, кашкавалот, варените јајца, краставичките, пиперката, пченката, солта).
И тоа е тоа. Филувајте ја тортата како што ви се допаѓа и декорирајте ја по ваш вкус. Одозгора можете да изрендате малку кашкавал.