Лидија Несторовна Сурина е биолог, фитотерапевт и билкарка веќе 40 години. Објавила неколку книги за лековитите својства на локалните билки. Нејзините совети се многу популарни ширум светот.

“Денес многу повеќе се разболуваме, бидејќи јадеме многу увезена храна. 65% од месото е увозно, увезуваме и јадеме многу банани и портокали. Добро е да јадеме увезена храна, ама таа да биде само 10% од вкупно внесената храна. Кога јадете многу увезена храна која не е од нашето поднебје, тогаш нема да можете да се прилагодите на условите на местото во кое живеете. Тоа е основниот закон на природата.”

ХРАНАТА ТРЕБА ДА БИДЕ ЛЕК, А ЛЕКОТ ТРЕБА ДА НИ БИДЕ ХРАНАТА

Еднаш зедов Иван-чај (Врбовка, лат.Epilobium) од неколку произведувачи, за да го проверам нивото на витамини во него. Се покажа дека Иван-чај има 6 пати повеќе витамин Ц отколку лимонот.

Оној кој расте во Салехард има 20 пати повеќе витамин Ц. Колку расте посеверно толку е побогато со витамини и минерали од чаевите што растат на југ (има каротени и витамин А дури 10 пати повеќе од оној што расте во Тјумен). Па како тогаш луѓето од северот може да јадат јужно овошје и зеленчук? Дали ме разбирате? Од таа храна може само да се разболите!

Па дури и самиот Иван Грозни уште во 1580 година рекол: “Ако сакате да освоите земја, доведете им туѓи производи!” Е тоа денес ние самите на себеси го правиме!”

МНОГУ ОД ХРАНАТА ДЕНЕС ШТО ЈА ЈАДЕМЕ Е ОТРОВ

Овде првенствено мислам на газираните пијалаци, мастиките итн. Главна состојка во нив е аспартамот (вештачки засладувач) кој е 200 пати посладок од шеќерот. Колку повеќе го пиеш тој сок, се повеќе и повеќе имаш потреба од него, да го пиеш уште повеќе. А колку повеќе го купуваш, земјата која го произвела ова ѓубре, толку повеќе се богати.

Компликациите кои ги носи аспартамот: ја намалува интелигенцита, предизвикува главоболка, мачнина, депресија, болки во стомакот, замаглен вид, возбуда, нестабилен од, оштетување на зглобовите и дебелина.

Запрашајте се што му давате на своето дете кога ќе му дозволите да испие чаша газиран сок!”

БЕЛИОТ ЛЕБ Е ПРАЗЕН ЛЕБ

Знаете кога во старите времиња се јадеше бел леб? Само за празниците. Останатото време се јадеше леб од цело зрно. Моја препорача е на децата во градинките еден месец да им се дава овесна каша со млеко, со што ќе им се прочистат белите дробови.

Вториот месец да им се даде варен овес на кажа, за да им се прочисти црниот дроб. А потоа уште три десмици да се продолжи со давање на овес!”

КОГА БЕВ ДЕТЕ ТАТКО МИ МЕ ИЗЛЕЧИ ОД АЛЕРГИЈА СО НАПИТОК ОД ЈОД

Кога бев дете татко ми ми даваше напиток со кој ме лекуваше од алергија: Три седмици секој ден морав да испијам половина чаша млеко во која имаше капнато 3 капки јод. И самиот Наполеон на војниците им давал јод знаејќи дека недостигот од овој минерал развива деменција.”

ШТО Е ПРВОТО ШТО ГО ЈАДАТ МАЧКИТЕ И КУЧИЊАТА НАПРОЛЕТ?

Пиреј! Некои ја јадат па после повраќаат, што значи дека се чистат од токсини. Пирејот е најважната лековита билка. Таа содржи силициум, а овој минерал го поддржува калциумот, што значи заштита од артритис, артроза, гастритис.

Земете куп млад пиреј и варете го 10 минути. Во течноста сварете супа. Тоа е вистински лек за старци. Калциумот во таблети не може да им помогне на старите лица.”

ОНИЕ ШТО ИМААТ ЧИР МОРА СЕКОЈ ДЕН ДА ИЗЕДАТ ЛИСТ ОД ТЕГАВЕЦ

Оние што патат од чир во дигестивниот тракт, мора да јадат по еден лист тегавец секој ден. Синтетичките витамини не се ништо подобри од дрогата. Секојдневно консумирајте глог, невен, камилица и лук. Тоа ќе ви помогне многу повеќе отколку било кој синтетички витамин.”