Фото и рецепт: Јована
Совршена е за посни слави како додаток на предјадењето, на многумина им се допадна.
Потребни состојки:
800 г посен кашкавал
250 г маргарин
200 г презла/лебни трошки
100 г печен сусам
1 конзерва туна во парче (170 г)
3 сечкани кисели краставички
1 лажичка слатка црвена пиперка во прав
1 помала китка сечкан магдонос
Постапка:
Кашкавалот изрендајте го на ситно ренде, па изматете го со претходно омекнатиот маргарин. Смесата поделете ја на три дела.
-Во првиот дел ставете презла и сусам.
-Во вториот дел ставете исцедена туна и алева пиперка
-Во третиот дел ставете сечкани краставички и магдонос.
Секоја ос смесите треба добро да се измеша со раце за да се соединат состојките. Во подлабок мал плех (помал од 20х20 см) обложен со проѕирна фолија, прво нанесете ја смесата со презла, па врз неа смесата со тума и на крај смесата со краставички.
Израмнете и ставете во фрижидер минимум три часа, а најдобро еден ден за добро да се стегне. Се сече убаво на парчиња по желба.
Оваа одлична солена бајадера ќе ве освои со првиот залак! Одозгора можете да наросите рендан посен кашкавал или сусам. Оваа бајадера можете да ја направите и во масна варијанта, со тоа што ќе користите обичен кашкавал и наместо туна можете да ставите варено пилешко месо, ситно исечкано.