Фото и рецепт: Линда

Направив неколку измени во кремот, кој на сите премногу им се допадна. Ставив двојно помалку жолчки, што значи помалку холестерол и наместо маргарин ставив сварен крем со додаток од желатин, кој е одличен за коските и зглобовите.

Впечатокот е фантастичен, бидејќи светлите кори се одлични и кремот со идентична текстура, кој просто се топи во устата..

Потребни состојки:

9 белки
300 г шеќер
1 лажица јаболкова киселина

за крем:

350 мл млеко
25 г густин
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
300 мл слатка павлака за шлаг
1,5 кесичка желатин во прав
4 жолчки
овошје по желба (јас ставив праски и киви)

Постапка:

Белките пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќер и оцет. На крај не смее да се чувствува шеќерот, мора да биде растопен убаво.

Плехот од рерна обложете го со хартија, па рамномерно распоредете го снегот од белки и ставете да се пече еден час на 150 степени.

Печената кора пресечете ја на три делови.

За крем: Одземете малку од млекото за да ги промешајте жолчките и густинот. Добиената смеса без грутчиња сварете ја во зовриеното млеко со шеќер, со постојано мешање додека да згусне.

Слатката павлака измиксајте ја, а желатинот пригответе го според упатставата на кесичката.

Сварениот и изладен крем постепено додавајте го во изматениот шлаг, па на крај додадете го и растопениот желатин (откако ќе желира, растопете го малку на пареа).

Исечканото обошје додадете го во кремот или можете посебно да го наредете врз него.

Филувајте: Кора-фил-кора-фил-кора. Добро изладете пред послужување.