Питата се приготвува со готови кори и небара голем труд и време. Брза, вкусна, одлична!
Потребни состојки: 500 г готови кори, 250 г спанаќ +-, 300 г ситно сирење, 2 чаши кисела павлака/цврст јогурт (од 180-200 г), ½ чаша масло, 1 чаша масло, 2 јајца (одвоени белки и жолчки), сол, чиа семе, 1 лажица гриз. За мерење се користи чаша од 200 мл
Постапка: За течен фил: Во поголем сад ставете две чаши кисела павлака (од 180 г), млеко, масло, белки, една лажица гриз и сол по вкус. Убаво промешајте за да се изедначи смесата. Сите состојки пред да ги употребите, треба претходно да бидат отстојани на собна температура.
Фил со сирење и спанаќ: Во посебен сад ставете го измиениот и исечкан спанаќ, исцеден од вишокот вода и малку посолен (по вкус). Истискајте го со рацете малку за да омекне, па измешајте го со ситното сирење. Ако не е солено сирењето, посолете и измешајте со раце.
Филување на корите: Ставете една кора, нанесете од течниот фил, па ставете ја втората кора, повторно течен фил и трета кора. Врз третата кора ставете спанаќ со сирење на крајот од корите и свиткајте како ролат. Готовите ролати редете ги во тепсија. Пред печење исечете ги ролатите на парчиња.
За прелевање: Двете жолчки изматете ги со една лажица јогурт (или оставете малку од течниот фил), па со помош на силиконска четка премачкајте ја питата убаво одозгора и од сите страни. Потоа наросете со чиа семки, ленено семе, ким или семки по ваша желба.
Исечете ја на прачиња со големина по ваш избор. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да заруменат. Кога ќе ја извадите питата премачкајте ја одозгора со малку растопен путер и оставете да излади.
Деталите околу подготовката погледнете ги во видеото: