Home Останато Корисно Како на најлесен и најбрз начин да ги исчистите венецијанските ролетни

Како на најлесен и најбрз начин да ги исчистите венецијанските ролетни

Повеќето прозори денес не можат да се замислат без популарните венецијанки. Меѓутоа, нивното чистење и одржување не е така едноставно и бара малку повеќе време и трпение.

Но, еве како себеси можете да си го олесните чистењето.

Потребни состојки:

Топла вода
Алкохолна киселина
Чиста памучна крпа или чорап

Постапка:

Доколку немате крпа во моментот, за оваа намена најдобро може да послужи некој памучен чорап кој го си го изгубил својот пар, а сепак сте го сочувале. Потребно е само да го навлечете на рака како ракавица.

Направете го следното:

Измешајте еднакви количини топла вода и алкохолна киселина. Натопете го чорапот во овој раствор, навлечете го на рака, па со него поминувајте по ребрата на ролетната.

<

Поминувајте го секое ребро посебно од двете страни (само опфатете го со палецот и другите прсти и повлекувајте полека).

Кога чорапот ќе за извалка, само исперете го во чиста вода и продолжете ја постапката.