Еве што треба да направите за да имате најубава Божиќна ѕвездичка: За да може Божиќната ѕвездичка (Euphorbia pulcherrima) повторно да цвета, потребно е…
Ова надалеку познато цвеќе потекнува од Мексико, со висина од 40 см и стебло густо обраснато со листови. Цвета во текот на зимата, но цветовите не се декоративни. Имаат жолта боја со модифицирани ливчиња, брактеи.
Најголемата декоративност ја прават токму брактеите (преобразените горни листови) со црвена, жолта или крем боја. Листовите се овални и остри при краевите.
За да може Божиќната ѕвездичка (Euphorbia pulcherrima) повторно да цвета, потребно е во март да се поткастри. Се оставаат само младите гранчиња со должина од 10 см. Тогаш се престанува со полевање.
Откако земјата целосно ќе се исуши, дури тогаш повторно се полева. Од март до август билката се прихранува секоја втора седмица. Пред крајот на септември потребно е вештачки да се регулира должината на денот. Тоа е неопходно за да дојде до појава на црвени листови – брактеи. Потребно е да им се обезбеди 14 часа во темно.
Тоа се постигнува со покривање на билката со црна фолија. Скратувањето на денот треба да трае 8 седмици. Билката Поинзеција бара светло место.
На што треба да обратите внимание кога ја купувате Божиќната ѕвезда?
Растението кое ќе го купите треба да има темно зелени лисја. Растение со оштетени лисја покажува дека се работи за несоодветно негувана билка. Бирајте растение со здрави лисја („цветови“).
Проверете дали билката е квалитетно заштитена, бидејќи при изложување на ниски температури надвор од продавница, може да предизвика оштетување на цветовите и лисјата. Во домот, оставете ја десетина минути, па дури тогаш треба да ја одмотате.
Божиќната ѕвезда се поставува во близина на прозор или на некое друго осветлено место. Особено треба да посветите внимание растението да не биде во допир со ладното прозорско стакло. Таа е тропска билка и бара оптимална температура за одгледување околу 25°С.
Високите температури и кратки температурни разлики ќе го скратат животниот век на ова растение, така да избегнувајте нејзино изложување на топлината од радијаторите, клима уредите, вентилацијата, како и места каде често се отвара прозор или врата. Ноќната температура во просторијата во која се одгледува треба да биде околу 12-15°С за да се продолжи периодот на цветање.
Влажноста на почвата треба да ја проверувате секој ден и залевајте ја само тогаш кога земјата е потполно сува. Залевајте ја на тој начин што водата ќе достигне до подлогата на саксијата.
Ако ја залевате премногу, долните листови ќе почнат да жолтеат и венат, а пак при недостаток на вода почнуваат да паѓат. Затоа, набавете течно минерално ѓубриво и додавајте го еднаш месечно.