Многу едноставни, новогодишни целувки-елки кои се топат во уста.

Потребни состојки:

2 белки
140 г шеќер
1 прстофат сол

за декорација: чоколади и прехрамбени бои

Постапка:

1.Во чист сад ставете ги белките и измиксајте ги. Потоа додадете прстофат сол и шеќерот постепено додавајте го додека постојано миксате додека да се добие густа снег смеса.

2.Смесата ставете ја во шприц и врз приготвен плех обложен со хартија за печење, формирајте елкички.

3.Печете ги во загреана рерна, на 80 степени со вентилатор да се сушат околу 45 минути. Внимавајте да останат бели, да не се препечат.

4.Додека се печат елкичките, направете ги чоколадните ѕвездички: Растопете чоколадо, па во кесичка за замрзнување на која малку сте и го исекле аголот, ставете го растопеното чоколадо и на хартија за печење формирајте ѕвездички и оставете ги да се стегнат.

5.Кога се готови елкичките, односно целувките, декорирајте ги по желба (Со шприц истиснувајте ситни бисерчиња во различна боја направени од мармалад или густ сируп со прехрамбена боја).