Оваа ледена торта ќе ве освои со првиот залак.
Потребни состојки: 6 белки, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 300 мл млеко. За крем: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 250 г маргарин за креми/путер. За крем од ванила: 300 мл млеко, 1 пудинг од ванила, 3 лажици шеќер
За крем од чоколадо: 300 мл млеко, 1 пудинг од чоколадо, 3 реда чоколадо, 1 лажица шеќер. За декорација: 500 мл слатка павлака или, 2 кесички шлаг, 250 мл млеко
Постапка: Најпрво вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Белките со шеќерот изматете ги во цврст снег додека да стане густ и сјаен. Додадете брашно и промешајте со лажица, внимавајќи да остане смесата воздушеста. Потоа оваа смеса рамномерно распоредете во калап за торти 24 см.
Или пак, колачот можете да го печете и во плех со димензии 24х24 см (калапот намастете го и набрашнете го или обложете го со хартија за печење). Ставете да се пече во загреаната рерна 10-15 минути. Додека е топол бисквитот прелијте го со 300 мл врело млеко и оставете го на страна да се лади.
За крем: на пареа изматете ги жолчките со шеќерот додека смесата да стане пенаста и густа. Оставете ја да излади па потоа додадете 250 г омекнат путер на собна темепратура и со миксер добро изматете го кремот додека да се изедначи. Добиениот крем поделете го на два дела.
За крем од ванила: Одземете малку млеко за да го промешате пудингот од ванила и шеќерот, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Сварете го пудингот со постепено додавање и постојано мешање додека да згусне. Во изладениот пудинг додадете ја едната половина од кремот со жолчки и добро промешајте.
За крем од чоколадо: Одземете малку млеко за да го промешате пудингот од чоколадо и шеќерот, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Сварете го пудингот со постепено додавање и постојано мешање додека да згусне. Додека е топол пудингот додадете го чоколадото искршено на коцки.
Промешајте додека тоа да се растопи и соедини. Во изладениот пудинг додадете ја втората половина од кремот со жолчки и добро промешајте. Врз изладената кора прво нанесете го кремот од ванила, рамномерно распоредете и израмнете, а потоа кремот од чоколадо. Најгоре нанесете изматен шлаг (или слатка павлака). Тортата е најдобро да се остави неколку часови во фрижидер или преку ноќ, а потоа да се сече и послужи.