Еве еден од најдобрите посни колачи. Подолу во текстот може да го погледнете и видеото за овој рецепт. Многу брзо се приготвува.
Потребни состојки: 450-500 г брашно, 500 г рендани јаболка, 100 г мелени ореви, 1-2 ванилин шеќер, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка сода бикарбона, 1 цимет по вкус, 100 г шеќер и 50 мл масло. За прелив: 200 г шеќер, 200 мл вода, 1 ванилин шеќер и 1 портокал – сок
Постапка: Во брашното ставете сода бикарбона, нешто помалку од цела кесичка прашок за печиво и добро промешајте.
Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги, па во нив додадете една кесичка ванилин шеќер и цимет по вкус (приближно една кесичка) и околу 100 г шеќер. Промешајте ги добро јаболката па додадете ги и мелените ореви. Изедначете ја смесата.
Додадете еден филџан за кафе масло и брашното со прашок за печиво и сода бикарбона. Добро промешајте ги јаболката за да може брашното убаво и рамномерно да се распореди. Јаболката ќе отпуштат малку сок, па така ќе се добие компактна смеса како меко тесто.
Добиената смеса рамномерно се распоредува во намастена и набрашнета тепсија бр.26 и се пече во загреана рерна на 190 степени околу 40 минути.
Печениот колач извадете го добро да се излади, па исечете го и прелијте го со топлиот сируп. За сируп: една чаша шеќер и една чаша вода, па додадете сок од еден портокал и еден ванилин шеќер, ставете на оган да се вари пет минути.
Прелиениот колач оставете го да се излади и да го впие сирупот. Сите детали одколку приготвувањето можете да ги погледнете во видеото: