Фото и рецепт: Фемије Сулејмани
Овој рецепт за чајните колачиња ТУК го објави нашата драга Фемије Сулејмани во групата НМД рецепти. Проследете го рецептот и постапката, многу ќе ви се допаднат. Има и втор рецепт кој се приготвува од 0,5 кг брашно. Состојките се исти, само во различна количина.
РЕЦЕПТ 1 (Фемије Сулејмани)
Потребни состојки:
3 јајца
1 ванилин шеќер
50 г шеќер во прав
1 прашок за печиво
1 чаша (од 200 мл) масло
½ чаша брашно
50 г чоколадо за готвење, растопено (се додава во половина од тестото)
Постапка:
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата, додадете масло, промешајте, па додадете го брашното помешано со прашок за печиво.
Добиеното тесто поделете го на два дела, а во едниот дел додадете растопено чоколадо.
Кексите се прават на два начини:
1.Начин: Се делат сосем мали топчиња, две жолти, две чоколадни, па се спојуваат како тук колачињата.
2.Начин: Се зема жолто топче, се развлекува врз хартија за печење во тркалезна кора колку мала чинија. Одозгора се става чоколадно топче и се развлекува врз жолтата кора. Се прави уште една ваква двојка, се спојуваат и се сечат ленти, а најпосле на коцки. Од коцките се формираат точиња, се валкаат во шеќер и се ставаат да се печат во загреана рерна на 180 степени, не повеќе од 10 минути.
РЕЦЕПТ 2 (Николинка Касап)
Потребни состојки:
500 г брашно
200 г маргарин омекнат на собна температура
200 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1 јајце
100 г растопено чоколадо за готвење
Постапка:
Од наведените состојки се замесува тесто и се дели на два дела. Во едниот дел се става растопеното чоколадо и се меси додека да се добие чоколадно тесто.
Се прават мали топчиња, по 3 жолти и три чоколадни, се редат како цвет едно до друго и со прстите се спојуваат и притискаат. Со дланките се формира кексот. Се печат врз плех обложенсо хартија во загреана рерна на 160-180 степени.
Прочитајте и за трет вид кекси од овој вид: