Фото: Сања Масковиќ Лојо
Може да прочитате предлог за приготвување на тесто за пица, но исто така, според истиот принцип можете да приготвите пица според ваш рецепт за тесто и да користите фил по ваш вкус.
Потребни состојки:
500 г брашно (просеано, за да биде повеќе воздушесто)
1 сув квасец
100 мл млеко
200 мл вода +-
1 лажичка мед или шеќер
½ лажица сол
За фил:
200 г шунка
100 г пршута
200 г кашкавал
200 г пропржени или маринирани печурки
Кечап, оригано, сусам и жолчка за премачкување
Постапка:
Во топла вода разматете го квасецот, лажица брашно и лажичка мед или шеќер. Оставете го квасецот да се активира. Брашното посолете го и во него додадете го активираниот квасец и млако млеко.
Замесете тесто кое се одлепува од ѕидовите на садот, па потоа префрлете го на работната површина и удредете го 5-6 пати. Така ќе добиете убаво воздушесто тесто.
Тестото премачкајте го маслиново масло (или обично), завиткајте го во проѕирна фолија или вратете го во садот и покријте го со кеса. Оставете да нарасне.
Додека тестото кисне, вие можете да ги сечкате и рендате состојките за филот. За еден час ова тесто ќе се удвои убаво. Потоа премесете го околу минута – две. Потоа директно врз хартија развлечете го во кора.
Во центарот на кругот направете дупченце. Потоа спушете некој соодветен сад за да обележете круг (15 см), па од дупчето (центарот) пресечете 8 триаголници, до обележаниот круг. Или, едноставно засечете ѕвезда во центарот на кората.
Намачкајте со кечап, па наредете го филот во круг како прстен. Количината и состојките се по ваша желба. Потоа триаголниците еден по еден, се повлекуваат преку филот и се подвлекуваат под тестото.
Одозгора премачкајте со жолчка и наросете со сусам или семе по вкус. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 15-20 минути.