Красулата е често домашно растение кое речиси секој дом го има. Дури и почетниците со него можат доста успешно да се справат, бидејќи не бара некоја голема нега. Меѓутоа, може да се случи да не процвета со години.
Тоа се случува првенствено бидејќи не расте во неговата природна средина. Меѓутоа, ако го измамите ладни ноќи и светли денови, без наводнување, тоа ќе пушти пупки и најпосле ќе процвета. Прочитајте повеќе во текстот како тоа да го постигнете…
Дали красулата цвета?
Красулата е позната по своите месести листови со форма на парчичка. Постојат повеќе типови на Красула, но најчесто се одгледуваат Crassula ovata и Crassula argentea. Овие растенија се размножуваат вегетативно, но исто така може да цветаат и да дадат семе.
Билката расте повеќе години без да процвета. Дури и во нивното природно опкружување, потребно е време за билката да созрее и да процвета. Честопати воздухот во кој престојуваат е премногу влажен за нив и тоа им оневозможува да формира пупки.
За да процвета потребно им се суво место, да не се полева и да се изложи на пониски температури преку ноќта. Се разбира, растението треба да биде повозрасно за да процвета.
Сите растенија бараат одредени услови за да процветаат како би можеле да се разможуваат. Некои бараат фотопериод, некои бараат хибернација, а на некои им се потребни екстремни услови за да се испровоцираат.
Красулата ги бара сите три услови. Потребно е да се престане со наводнување, за да се одмори. Зимно време кога денот се скратува е најпогодното време за процветување на красулата.
Освен што треба да се престане со полевање, идеалната температура на која треба да се чува е 12 степени Целзиусови. Меѓутоа, треба да се внимава да не се изложи на прениска температура и да се предизвика замрзнување.
Пупките би требало да се формираат кога денот е најкраток во годината и да процветаат на крајот од зимата/почеток на пролетта. Се формираат прекрасни мали гроздести бели цветови на врвот од секоја гранка и имаат краток на траење.
Откако ќе прецветаат, стеблото станува кафеаво, па може да се поткастри прецветаниот дел. Тогаш треба да се започне со полевање и да се зголемува со температурата како што напредува пролетта.
Во текот на летото постепено пренесете го растението на отворено, но да не биде директно изложено на сончеви зраци, а сепак да е светло во поголемиот дел од денот.
Се полева само кога површината на земјата е сува. Красулата не бара голема саксија, но добро би било да се пресади во нова земја на секои три години, во која ќе се додаде добра хранлива мешавина за кактуси. Од пролет до лето може да се прихранува со течно ѓубриво, а во текот на есента полека да се приготвува за зимското мирување.
Преку топлите денови се наводнува еднаш на секои 2-3 седмицикога надворешната температура е 18-24 степени, а преку зимата доволно е еднаш месечно. Најдобро е да се полеваат со филтрирана вода, бидејќи се чувствителни на вода од чешма и мора да се внимава да не се натопуваат листовите.