“Голем број мажи го поминуваат целиот живот без да посетат уролог.
Сепак, со непосетувањето на уролог мажите може сериозно да го занемарат и загрозат своето здравје.”
Ретко се случува мажите да се јават на уролог за контролен преглед без изразени симптоми и видливи проблеми. Статистиката вели дека мажите најчесто се јавуваат на урологот кога веќе имаат многу изразени симптоми во понапредната фаза на болеста, кога и лекувањето е многу потешко.
Голем број мажи го поминуваат целиот живот без да посетат уролог.
Сепак, со непосетувањето на уролог мажите може сериозно да го занемарат и загрозат своето здравје.
Нема одредена возраст кога треба да се почне со редовни прегледи. Кај помладите мажи најчести уролошки заболувања се воспалителните заболувања на мочниот канал и глансот на пенисот, како и воспалување на простатата или тестисите.
Честа појавата се и камења во бубрезите или мочните патишта. Во последно време има и пораст на малигните заболувања, особено загрижувачки е туморот на тестисите којшто се јавува меѓу 15 и 40 години од животот.
Зголемувањето на простата и карциномот на простата се јавуваат најчесто по 45 година. Можеме да се заклучиме дека мажите уште во младоста треба да посетат уролог, а особено по 50 годишна возраст.
Уролошкиот преглед е многу едноставен безболен преглед. Прво преку разговор со урологот се утврдува дали постои одреден уролошки проблем, потоа со палпација се прегледуваат надворешните генитални органи и простата.
Потоа следува ехотомографски преглед со што се откриваат голем број од уролошките заболувања. Важно е да се запомни дека со вакви прегледи е возможно откривање на болестите во рана фаза, а со тоа можеме да се осигураме дека третманот ќе биде поефикасен и поедноставен.
Кога морате да посетите уролог?
– Болка во тестисите
Урологот може да увиди дали станува збор за торзија (увртување) на пенисот која се третира со итна хируршка интервенција. Болката во тестисите може да биде предизвикана и од тумор, инфекција или воспаление.
Алармантно е што канцерот на тестиси се јавува сè почесто и кај младата машка популација, а бидејќи мажите немаат навика да одат на уролог, најчесто се открива во доцна фаза од болеста.
– Крв во урината
Ако само и еднаш сте забележале крв при мокрењето, веднаш закажете преглед на уролог. Крвта во урината може да биде и скриена и се детектира само со лабораториски тестови, затоа се потребни редовни контроли на уролог.
Ова може да биде еден од раните знаци на карцином на мочен меур или бубрезите, па со рана детекција може навремено да се третира.
– Машка неплодност
За да може да се востанови неплодноста кај мажот, треба да се направи преглед кај уролог и истата треба да биде контролирана редовно. Најчесто по откривањето на неплодноста и причините за истата доаѓа до решавање на проблемот и надминување на стерилитетот.