Вкусен, декоративен, со суво овошје…
Потребни состојки:
120 г омекнат путер
6 лажици масло
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 прстофат сол
2 јајца
250 г свежо полумасно сирење
370 г брашно
1 прашок за печиво
5 лажици млеко
150 г суви кајсии
100 г суво грозје
малку шеќер во прав
Постапка:
Намастете го и набрашнете го калапот за куглоф. Сувите кајсии исечкајте ги. Омекнатиот путер измиксајте го миксер пенасто, па едно по едно додавајте ги маслото, шеќерот, ванилин шеќерот и солта, убаво да се соединат.
Додадете едно јајце, ма миксајте половина минута со најголема брзина, па додадете го и второто јајце. Откако ќе го соединете и него, брзо измешајте го и сирењето.
Просејте ги брашното и прашокот за печиво заедно, па половина додадете во смесата мешајте со средна брзина.
Додадете го млекото, па втората половина од брашно. Сувото грозје и сечканите кајсии промешајте ги со најмала брзина.
Смесата излејте ја во калапо и израмнете. Печете околу еден час на 180 степени. Печениот куглоф оставете го 10 минути во калапот, а потоа истресете го на решетка.
*Сувото овошје можете претходно да ги натопите во рум, сок или вода малку да омекнат.
Изладениот куглоф наросете го со шеќер во прав.