Фото и рецепт: Алма Хаџиахмиќ

Рецептот го користам многу одамна, а го добив од една бабичка кога веќе немаше спас за мене и не знаев како да си помогнам. Имав сува и напорна кашлица и многу ме исцрпуваше.

Сега времето е променливо, па со тоа доаѓа до чести воспаленија на грлото кои најчесто се проследени со нималку пријатната сува кашлица.

Сирупот е одличен за хронични астматичари, за пушачи, деца и возрасни, па затоа го споделувам со сите вас.

Потребни состојки:

200 мл вода
6 листови ловоров лист
1 стапче цимет
5-6 каранфилчиња
1 лимон
2 лажици мед од костен (може и друг)

Постапка:

Во една чаша вода сварете 6 листови ловоров лист, ставете едно помало стапче цимет, неколку каранфилчиња, па оставете да се вари додека водата да испари и да се преполови.

Кога течноста ќе дојде на 100 мл поклопете и оставете на страна да подизлади околу 15 минути.

За тоа време исцедете сок од еден лимон и додадете две лажици мед од костен. Тој мене ми е најдобар, но може да ставите каков имате.

Потоа процедете ја течноста со ловоровите листови, па заедно измешајте со лимоновиот сок и медот.

Употреба: Се пие во текот на денот во мали голтки. Од овој сируп ќе ви се смири кашлицата и ќе спиете подобро. Следниот ден по доколку има потреба направете уште една доза.

Фото и рецепт: Алма Хаџиахмиќ