Овој сируп се приготвува со варен кромид во карамелизирана вода со лимон.

Потребни состојки:

150 г шеќер
1 лимон (истретиран со сода бикарбона или домашен, непрскан)
1 главица кромид
500 мл вода

Постапка:

1.Шеќерот растопете го како карамел во чисто и суво тенџерче. Почекајте целосно да се растопи и да ја промени бојата во карамел. Потоа додајте ја водата.

2.Почекајте неколку минути, а потоа мешајте додека целосно да се растопи шеќерот и водата да стане со боја на карамел.

3.Кромидот убаво измијте го и засечете го на четвринки. Вака засечениот кромид ставете го во карамелизираната вода, намалете го огнот на тивко и поклопете.

4.Вака поклопено оставете го кромидот половина час. За тоа време изрендајте ја кората од лимонот и исцедете го сокот. Потоа извадете го кромидот, додајте лимонов сок и кората. Оставете да излади.

Употреба: Вака приготвениот сируп се пие двапати дневно по 100 мл, пред оброк.

Откако ќе се испие целата доза направете уште една, до тогаш треба слузта веќе да започнете да ја исфрлате. По испиени две дози се прави пауза.

Напомена: пред примена на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.