Дерматолозите советуваат дека есента и зимата се одлични за отстранување на дамките од кожа.
Старечките пеги или темните дамки на кожата не се опасни ниту претставуваат некој здравствен проблем, но претставуваат естетски проблем со што се намалува самодовербата кај оние кои патат од овој проблем.
Овие дамки најчесто се појавуваат на лицето, рацете, деколтето и рамената, како и на нозете, а со текот на годините нивниот број континуирано се зголемува.
Во продолжение ќе ви претставиме еден многу едноставен, но ефикасен природен препарат кој ќе ви помогне да се ослободите од тие дамки и вашата кожа ќе изгледа поубаво и помладо.
Потребни ви се само две состојки кои ќе ги измешате и применете на зафатените области. Овие состојки веќе ги имате во вашата кујна, а станува збор за лук и јаболкова киселина.
Сокот добиен од свеж лук одамна се користел за лекување на лузни и други проблеми поврзани со кожата, затоа што содржи антиоксиданти кои ја штитат и регенерираат кожата.
Винската и јаболковата киселина содржат хидрокиселини кои ги елиминираат мртвите клетки од кожата, а во комбинација со лукот може да направат чудо за кожата.
Еве како се приготвува:
Земете свеж лук и исечкајте го на коцкички, а потоа ставете го во блендер и добро измиксајте го. Потоа додадете го оцетот и мешајте додека да добиете мазна смеса.
Земете памук и натопете го во оваа смеса, а потоа нанесете на деловите кои се погодени со депигментација на кожата. Овој третман правете го секојдневно во период од еден месец. По нанесување на оваа смеса, не смеете да излегувате на сонце, па затоа е најдобро да се применува навечер, пред спиење.
Првите резултати ќе ги забележите веќе за седум дена, но продолжете и натаму, се додека целосно да се ослободите од дамките.
Пред да започнете со користење, прво нанесете на мал дел од кожата за да проверите дали сте сензитивни на состојките, па доколку нема реакција, продолжете со користење.