Фото и рецепт: Мирјана Бановиќ

Јас го приготвувам овој мевлем за себе, но рецептот можам да ви го откријам, па кој сака да си го приготви.

Кремот го мачкам на нозе и идеално ми се покажа за уморни нозе и отечени вени, за грчеви. Ги олеснува сите тие болки. Кожата после тоа не е толку масна како кога ја мачкате само со маслиново масло.

Кожата останува мека и мирисна.

РЕЦЕПТ

Во месец мај се бере коприва, Се полни тегла со широко грло, па се потопува во маслиново масло, два-три прсти над копривата. Се остава на сонце 30 дена.

Потоа маслото се процедува. Ова масло можете да го користите како лек, секое утро да пиете по една супена лажица на гладно, за прочистување на сите органи од токсини во организмот, а особено на крвта.

Земете 50 или 100 мл од ова масло и помешајте го со исто толку масло од тиква. Значи односот меѓу маслото од коприва и маслото од тиква е 1:1 или половина-половина. Ова масло се чува во фрижидер.

Доколку сакате да го направите како крем, односно мевлем за мачкање, земете од некој пчелар мало грутче пчелин восок, растопете го на пареа и додадете го во лековитото масло.

Додека е во течна состојба складираје го во некое соодветно кутивче и оставете да се стегне. Потоа редовно користете го. Може да омекне и тврди пети како “копита”, но мора упорност и секојдневно користење со претходно киснење и рендање на петите.

Исто така, веднаш ги олеснува болките на нозете, особено на листовите кои најчесто отекуваат и имаат послаба венска циркулација.