Лековита ракија со коприва и оревi…Помага кај висок шеќер, песок во бубрези, прочистување на крвта…Одамна е позната лековитоста на копривата и младите оревчиња.

Оваа ракија е добра за низа болести.

Копривата ја прочистува крвта и го зголемува бројот на црвените крвни зрнца;

-дезинфицира рани, спречува појава на песок во бубрези, лекува главоболка, го намалува нивото на шеќер во крвта, лекува заболен црн дроб, жолчка, слезина, грчеви и останати желудечни проблеми, како и стегање на крвните садови.

Младите оревчиња го засилуваат нејзиното дејство и помагаат за подобра функција на штитната жлезда.

Оваа лековита ракија се користи за намалување на нивото на шеќер во крвта, ја прочистува крвта, против песок во бубрези и низа други болести.-

Потребни состојки:

1 литар силна, овошна ракија
50 г свежи листови од коприва
10 мали зелени оревчиња

Постапка:

*Ако ја приготвувате оваа ракија кога нема зелени оревчиња, во ракијата со коприва додајте околу 100-200 мл ликер од ореви (оревовка), во зависност од тоа колку силна сакате да ви биде.

Во поголема стаклена тегла ставете ги убаво исчистените листови од коприва, оревчињата пресечени на половина и прелијте со ракија.

Теглата добро затворете ја и оставете ја 7 дена да отстои на сонце со секојдневно протресување. Потоа процедете.

Се пие по една или половина мала ракиена чашка наутро, пред појадок и една после вечера. По 2-3 недели задолжително се прави пауза од 1 недела, па се повторува циклусот.

НАПОМЕНА: Пред примена на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.