Home Десерти Обланди со Јафа кекси или ресани…Многу вкусни и едноставни за подготовка

Обланди со Јафа кекси или ресани…Многу вкусни и едноставни за подготовка

Фотографија и рецепт на Ксенија Вељковиќ. Обландата би требало да се приготви еден ден претходно за да има време да се стегне, но и самите кекси да омекнат, бидејќи не се натопуваат во ништо. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

2 листа обланди,
300 мл млеко,
400 г шеќер,
100 г чоколадо за готвење,
250 г путер или маргарин,
700 г мелени бисквити плазма (или 400 г мелени бисквити + 200-300 г мелени ореви),
2 портокали – рендана кора и сок и
300 г Јафа кекси

Постапка:

1.Во соодветен сад сварете го млекото со шеќер, чоколадо и путер. Оставете да излади.

2.Во чоколадниот фил додајте рендана кора од портокал и исцеден сок. Промешајте, па додајте ги мелените бисквити.

3.Еден лист од обланда поставете го така што големите дупчиња да бидат одозгора. Се премачкува обландата со половина од филот.

<

4.Врз филот се редат ресаните (јафа кексите), па се премачкува и втортата половина од филот. Поклопете со вториот лист обланда.

5.Врз обландите ставете кујнска крпа и нешто тешко за да се стегне.

6.Оставете преку ноќ да се стегне обландата, а потоа сечете на штангли.

Фотографија и рецепт на Ксенија Вељковиќ