Еве зошто се јавува тој карактеристичен мирис кај старите луѓе и како на најлесен начин да се елиминира, прочитајте понатаму во текстот.

Застојан мирис, карактеристичен за постарите лица може негативно да влијае врз удобноста и домашната атмосфера. Староста не е пријатна и може секого да го плаши со изгледот, но и со мирисот.

Како и да е, староста е природна појава и секој од нас еден ден ќе остари. Имаме возрасни родители или баби и дедовци, па добро е да се знаат овие работи за да можеме на соодветен начин да им помогнеме на нив, но и на сбеси.

Зошто се јавува ваквиот мирис на застојано во становите и куќите?

Можеби имате некои стари наследени работи кои со себе го донеле и својот карактеристичен мирис на старост и мувла. Меѓутоа, мирисот кој е карактеристичен за старите луѓе, најчесто потекнува од нив самите и го поприма просторијата во која живеат. Во тој случај, доколку непријатната арома произлегува од старите луѓе, тогаш мора да се почитуваат следните правила, за да исчезне мирисот на староста:

1.Лична хигиена: Старите лица не можат да се грижат за себеси како што се грижеле некогаш во младоста. Затоа, помогнете им редовно да се бањаат, да си ги мијат забите или протезите и редовно да одат во тоалет.

2.Облека: Старите луѓе носат иста гардероба со години. Можеби таа не е уништена, но во себе впила мирис како сунѓер. Затоа, таа мора да се промени, а не само да се испере.

3.Лошо испрани алишта: Старите лица тешко можат да се снајдат со технолошкиот напредок и електрониката. Затоа, наместо нив исперете исперете ги алиштата и чаршавите, ни и погрижете се почесто да ги менуваат.

4.Кожата кај старите луѓе е тенка и лесно пука и се разранува. А бидејќи некои од нив со години користат исти сапуни кои дополнително им ја сушат кожата, доаѓа до непријатно чешање и перутање после бањањето. Затоа, од тие причини, веројатно се повеќе ќе го одбегнуваат бањањето. Обезбедете им нежни средства за одржување на хигиената.

5.После 50-тата година, телото престанува да произведува хормони, што значително влијае врз мирисот на кожата.

6.Поради страв од промаја, старите луѓе одбиваат да ги проветруваат просториите.

7.Тие сакаат да јадат лук и кромид, што создава карактеристичен мирис, кој од телото, но и од станот, не излегува со денови.

8.Ако старото лице живее во вашиот стан, водете сметка да му помогнете околу хигиената, бањањето и одржувањето. Со непријатниот мирис од телото, ќе исчезне и непријатниот мирис од станот.

9.Домашните миленичиња го променуваат мирисот на станот. Ако старото лице живее само и не може да води сметка за себе, нема да може да се грижи ниту за миленичето.

10.Исхрана: Американските научници дошле до заклучок дека мирисот на староста најчесто станува поинтензивен кај оние луѓе кои сакаат да јадат месо и помрсна храна. Вегетаријанците не добиваат ваков мирис, дури ни во повозрасните години.

КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ЛОШИОТ МИРИС ВО СТАНОТ?

1.Никогаш не користете освежувачи за воздух: Освен што се штетни за луѓето, тие нема да го решат проблемот.

2.Исфрлете го целото ѓубре од станот, како и храната на кој и минал рокот.

3.Варосајте го станот или куѓата и темелно пребришете ги сите недостапни делови од куќата.

4.Ако можете, исфрлете ги теписите од домот. Ако тоа не е возможно, однесете ги на перење или темелно исперете ги со сода бикарбона.

5.Секој ден подигнете ги ролетните, тргнете ги завесите и пуштете ги сончевите зраци да влезат дома – тие ги убиваат патогените микроорганизми и мувлата.

ДОМА ЧИСТЕТЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО СО:

-Бел оцет: Измешајте две лажици оцет со чаша вода. Со памучна крпа натопена во овој раствор пребришете ги сите дрвени елементи во домот. Секоја седмица повторувајте ја постапката. Белиот оцет ги елиминира лошите мириси, врши дезинфекција и практичен е за употреба.

Низ домот можете да поставите садови со кора од лимон или портокал, сода бикарбона, црна кафе, миризливи свеќи. Сите овие работи успешни ги впиваат непријатните мириси.

ЧИСТЕЊЕ НА ТАПАЦИРАН МЕБЕЛ

Измешајте: кафена лажичка лимонска киселина, две чаши вода, лажица оцет и една лажица течен сапун.

Ќе се создаде пена кој со памучна крпа се нанесува врз тапацираниот мебел. Малку истријте, па оставете два часа да се исуши. Потоа само исчеткајте и всмукајте со правосмукалка.

Напомена плус:

-Куќата редовно проветрувајте ја. Ако е можно, секогаш оставете малку подотворен еден прозор.

-Набавете саксии со цвеќе кое го прочистува воздухот.

-Гответе редовно. Мирисите од готвењето ги убива сите други мириси, а тоа останува. Иако, после готвењето, потребно е да проветри за ит ој мирис да излезе.

-Дома донесете свежа лаванда или рузмарин.