Центар за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија

Нашиот центар е специјализиран за дијагностика и третман на жени со:

  • Уринарна инконтиненција (неволно испуштање на мокраќа)
  • Фекална инконтиненција (неволно испуштање на гасови/ столица)
  • Пролапс на генитални органи (утерус, вагина, бешика и ректум спад од нормална позиција)
  • Интерстицијален цистит (инфламација на ѕид на бешика)
  • Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс.

Голем број на жени не бараат медицинско решение за овие состојби поради срам, поради страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно или сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно испуштање на мокраќата, а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопузалните (постарите) жени имаат неволно цревно празнење (цревна инконтиненција).

Овие состојби не се нормални за било која возраст, и овие заболувања можат да предизвикаат значајни физиолошки, социјални, емоционални, сексуални, психолошки и професионални пореметувања.

Терапијата за инконтиненцијата и пролапсот може да е : хируршка и не – хируршка. Лекарите од “Филип Втори” имаат индивидуален пристап кон секој пациент и го базираат третманот во зависност и од потребите и желбите на секоја жена.

Ние на секоја жена и ги нудиме сите можности за терапија на нејзината состојба и помагаме секоја жена го одбере најдоброто за неа.

Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состројби треба да побара соодветна медицинска помош.

ПРЕПОЗНАЈ ГИ СВОИТЕ СИМПТОМИ:

1 Дали се случува несакано да испуштите мокрача кога кашлате, кивате, трчате, скокате, се смеете, носите товар, имате сексуален однос и друго?

  1. Дали често ви се јавува силна желба да мокрите, да испуштите урина пред да стигнете до тоалет?
  2. Дали мокрите секој час во текот на денот или повеке од 2 пати навечер?
  3. Дали случајно/несакано испуштате гасови или столица барем еднаш во текот на неделата?
  4. Дали често имате силна желба за празнење на цревото, па да испуштите малку столица пред да стигнете до тоалет?
  5. Дали забележувате испакнување (топче) кај вагината при бањане?
  6. Дали морате да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате?
  7. Дали чувствувате притисок и тегнење во вагиналниот предел кој се намалува и се губи откако ќе легнете?
  8. Дали се подмочувате при смеење, кашлање, сексуален однос или друга активност?

Доколку одговорот е Да на било кое од овие прашања, закажете преглед со нашите субспецијалисти за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија.

Преглед и терапија

Иницијалната посета трае просечно 30 минути, иследувањето е многу слично на рутинскиот гинеколошки преглед. Ке има доволно време за разговор за вашата состојба и можностите за терапија.

Соодветни најсовремени дијагностички тестови и апаратура.

Процедури:

Вагинопластика (пластика и рејувенација на вагина)

Перинеопластика (стеснуванје на влезот на вагина)

Пластика на големи и мали усни на вулва

Редукција и зголемување на клиторис

Хименопластика

Ласер ремоделирање

Третман на инконтиненција со и без трака

Корекција на цистоцела (спуштена бешика)

Корекција на ректоцела/ ентероцела (спуштено дебело црево)

Подигање на бешика после хистеректомија

Подигање на матка

Хистеректомија (вагинална, абдоминална, лапароскопска)

Хистероскопија

Ендометријална аблација

Проф. д-р Васил Илиев

Специјалист гинеколог акушер, Супспецијалист урогинеколог