Фото и рецепт: Петровиќ Тања
Потребни состојки:
500 мл пиво, 300 мл масло, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, брашно по потреба за да се замеси средно меко тесто и малку какао за темниот дел
Постапка:
Се мешаат пивото и маслото, се додава ванилин шеќер и брашно помешано со прашок за печиво. Брашното се додава постепено и се меси додека да се добие средно меко тесто.
Добиеното тесто се дели на два дела, а во едниот се додава 1-2 лажици какао во прав и се премесува за да стане тестото кафеаво.
Од двете теста се трават тркалезни кори, а потоа се редат една врз друга, една бела и една кафеава, па се се сечат триаголници и се виткаат во кифли. Се редат кифлите во плех обложен со хартија и се печат на 180 степени 15-20 минути.
На крај се вари сируп од шеќер и вода, па се преливаат изладените кифли со врел сируп. Јас имав три плеха кифлички и за сирупот ставив околу 2,5 литри вода со 1 кг шеќер и 1 ванилин шеќер (да зоврие и да се растопи шеќерот).
Фото и рецепт: Петровиќ Тања