Фотографија и рецепт на Хаснија Велаџиќ. Потребни состојки: 6 јајца, 12 лажици шеќер и 1 прстофат сол, 12 лажици масло, 6 лажици јогурт, 6 лажици млеко, 3 лажици, сок од свеж портокал, 1 прашок за портокал, 15 лажици полни брашно, 1 лимон – рендана кора и ½ портокал – рендана кора
Постапка: Јајцата пенасто изматете ги со прстофат сол, па постепено додадете го и шеќерот додека матите и продолжете додека да се растопи. Потоа додадете го јогуртот, маслото и млекото, убаво промешајте со лажица, па додадете го сокот од портокал.
Постепено додавајте го брашното помешано со прашок за печиво и мешајте додека да добиете убава смеса без грутчиња. На крај изрендајте кора од лимон и портокал за вкус.
Добиената смеса излејте ја во намастен силиконски калап и ставете да се пече 15 минути на 180 степени, а потоа намалете на 160 степени и печете вкупно еден час или додека куглофот да биде испечен.
Фотографија и рецепт на Хаснија Велаџиќ