Посна варијанта на класичните тулумби.
Потребни состојки:
1 прашок за печиво
½ шолја од 200 мл масло
2 шолји брашно
500 г шеќер
3 шолји вода
½ лажичка лимонтус
Постапка:
Две чаши вода и половина чаша масло ставете на оган да зовријат, па тргнете го тенџерето на страна и додадете брашно измешано со прашок за печиво.
Убаво соединете најдобро со миксер со додатоци за тесто. Оставете го тестото да излади.
Шеќерот прелијте го со една чаша вода, додадете малку лимонтус и околу 7-8 минути варете го додека да добиете густ сируп.
Шприцот за тулумби наполнете го со тестото, па истискувајте на плех обложен со хартија за печење (или пржете ги во масло). Сечете ги со должина по ваша желба и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени, додека да добијат златна боја.
Врелите тулумби прелијте ги со сирупот и оставете ги да впиваат барем два часа пред консумирање.