Појадок или вечера набрзина…Омилено јадење за вечера или појадок, не знаеме за доста…Можете да користите и готови палачинки, одлична идеја за појадок или вечера. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г брашно
3 јајца
200 мл газирана вода
600 мл млеко
1 лажичка сол
масло

за фил:

400 г урда
3 јајца
1 чаша јогурт
сол
кисела павлака за премачкување

Постапка:

Брашното измешајте го јајцата, додајте сол, газирана вода и малку млеко. Измешајте со миксер убаво за да нема грутчиња. Додајте го преостанатото млеко и промешајте со лажица или со жица за матење.

Палачинките печете ги во намастена тава која не лепи. Масло можете да додадете и во смесата со палачинки. Палачинките печете ги од двете страни додека малку да заруменат, сѐ додека смесата да се потроши.

За фил: ситното сирење или урдата измешајте ја со јајцата, додадете јогурт и малку сол ако сирењето не е солено. Јогуртот додавајте го полека мешајќи, додека да добиете смеса која може да се мачка, а да не е премногу течна.

Со приготвениот фил мачкајте ги палачинките, потоа виткајте ги и редете ги во намастен плех.

Вака наредените палачинки одозгора премачкајте ги со павлака и потпечете ги во загреана рерна околу 15-20 минути. Послужете ги топли.