Ова е толку едноставен и брз колач, а мек и многу вкусен.

Потребни состојки:

1 шолја гриз
1 шолја брашно
1 шолја масло
1 шолја шеќер
½ шолја млеко
1 јајце
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
½ цимет
2 рендани јаболка

за прелив:

4 лажици шеќер
4 лажици млеко
4 лажици масло
100 г чоколадо за готвење

1 шолја = шолја за бело кафе, таква јас користев, околу 200 мл, а вие која шолја ќе ја користите, истата користете ја за сите состојки.

Постапка:

Изматете едно јајце со шеќер, па додајте гриз, брашно, прашок за печиво, ванилин шеќер, млеко, јаболка и ½ кесичка цимет. Сите состојки добро промешајте ги, а добиената смеса излејте ја во намастен плех со средна величина или калап по ваш избор (помал за повисок колач, поголем за понизок).

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени додека колачот да зарумени (проверете со чепкалка), па кога е печен извадете го од рерна и додека е врел прелијте со глазурата.

Глазура: 4 лажици масло, 4 лажици шеќер, 4 лажици млеко и 100 г чоколадо растопете ги и соединете ги на тивок оган или на пареа.

Колачот оставете го да излади прво на собна температура, а потоа и во фрижидер, па сечете го и послужете го. Рецепт на Вукица Миловановиќ.