Ова е навистина најбрзата торта која буквално е готова за 15 минути. Се користи калап од 24 см, но ја спо грешка ја направив во 26 па ми излезе малку пониска, ама воопшто не пречи.
Прво ставив 300 мл млеко, но тортата некако ми беше тврда и сува (на тој начин можете да ја правите ако сакате да ја сечете на штангли, како колач), но за торта мерата е 400 мл млеко.
Потребни состојки:
400 мл млеко (растително за посно)
150 мл путер или маргарин
3 лажици шеќер
200 г чоколадо
4 лажици џем од кајсии
300 г јафа колачи (ресана)
600 г бисквити
постапка:
измешајте млеко и шеќер, па додадете искршено чоколадо и исечкан путер. Ставете на тивок оган полека да се растопи и да проврие. Нека врие една минута, па тргнете од оган да излади.
Додека чекате смесата на шпоретот да проврие, искршете ги бисквитите и исечкајте ги ресаните.
Во еден поголем сад измешајте си сите бисквити со ресаните, па додадете џем од кајсии и прелијте ги со тесчната смеса од чоколадо.
Промешајте со лажица за да продре течноста насекаде. Смесата истресете ја во калап и добро протоснете и израмнете за да нема празни простори. Оставете малку во фрижидер за да се стегне, потоа тргнете го обрачот и декорирајте по желба.
Истото можете да го направите и така што некое тенџере ќе го обложите со проѕирна фолија, па во него ќе ја истресете целата смеса и ќе ја израмните, па потоа само ќе ја превртите врз тацна.