Вкоренетото верување дека синовите треба строго да се воспитуваат и без емоции е целосно погрешно и може да доведе до сериозни психички проблеми.

Иако длабоко сме загазени во 21 век, верувањето дека машките деца треба од мали да се воспитуваат строго и натаму е длабоко вкоренето. И не само на Балканот, туку и во остатокот од светот.

Се верува дека синовите треба помалку да се мазат и од нив се очекува да бидат цврсти, да не плачат, да бидат борбени и силни. Меѓутоа, науката вели поинаку, токму спротивното.

Неодамнешна студија открива дека момчињата во првите години од својот живот треба да бидат третирани со повеќе нежност и сочувство отколку што тоа им е потребно на девојчињата.

ЗОШТО Е ПОТЕШКО ВОСПИТУВАЊЕТО НА МОМЧИЊАТА?

Познатиот невропсихолог Алан Шор го претстави најновото истражување кое докажува дека десната хемисфера од мозокот кај момчињата поспоро се развива отколку кај девојчињата. Што значи тоа? Па, најпросто кажано, момчињата се помалку чувствителни на звуци и лица кои ги опкружуваат, што може да ги направи малку попроблематични. За нив е потешко да го толерираат стресот и помалку се отпорни на невропсихијатриски пореметувања, како што е аутизмот на пример.

Затоа машките деца кои имаат построги мајки и кои од мали се воспитуваат со цврста рака, без многу емоции, стануваат подоцна анксиозни, што понатаму влијае врз формирањето на невронските врски во мозокот, одговорни за самоконтрола и социјализација.

Лек за тоа е нежна, цврста поврзаност помеѓу синот и мајката, втемелена на разбирање, исполнување на детските потреби за љубов и близина.

4 СОВЕТИ ДО РОДИТЕЛИТЕ

-не ги разделувајте синовите од својата мајка веднаш по раѓањето. Тоа предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за машките тоа е особено важно бидејќи кај нив се забележува нагло растење кортизолот – хормон на стресот.

Ако подолго се разделени од мајката и овој хормон подолго време има високо ниво, моѓе сериозно да влијае негативно врз развојот на мозокот и здравјето на детето.

-Поминете го со својот син целото породилно отсуство или најмалку со првиот роденден. Во овој период се најранливи.

-не бидете строги кон нив, особено не во првата година од животот. Одбегнувајте стрес, пристапувајте им со трпение, бидејќи тие веднаш ги забележуваат негативните емоции. Не им забранувајте да плачат и не ги посрамотувајте поради тоа.

Не ги оставајте сами кога се расплакани, па иако самите се виновни за тоа. Тие тогаш патат и потребна им е потврда дека се сакани. Често гушкајте ги, галете ги и бакнувајте ги.

-На малите момчиња особено негативно влијание може да имаат некои надворешни токсини како што е фенолот на пример. Кај нив може да предизвикаат сериозен проблем токму со развојот на десната хемисфера. Иако делува параноично, но сепак секогаш мора да бидеме внимателни со се’ што ги опкружува децата