ЛЕТЕН КОЛАЧ СО БАНАНИ И БИСКВИТИ…Едноставен и вкусен – овој колач просто ве мами да го направите…Превкусен колач кој едноставно се приготвува. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
300 г мелени бисквити,
100 г путер или маргарин,
100 г шеќер во прав,
2 свежи банани,
1 круша,
1 ванилин шеќер и
120 г мелени ореви.
Уште ви е потребно:
4 свежи банани,
1 шлаг крем и
200 мл млеко
Постапка:
Изматете го путерот претходно омекнат на собна температура, заедно со шеќерот во прав, па додајте рендана круша и испасирани банани. Смесата полека измешајте ја со лажица.
Потоа додајте мелени бисквити (можат да бидат какао бисквити или обични), ванилин шеќер и мелени ореви. Промешајте за да се изедначи смесата.
На работната маса поставете поголемо парче фолија и врз неа развлечете ја смесата. Наредете ги бананите надолжно, свиткајте како ролат и оставете во фрижидер убаво да се стегне.
Пред да ги ставите бананите можете кората да ја премачкате со нутела или некој крем по вкус. Изладениот ролат декорирајте го со изматен шлаг и уживајте во колачот!