Сочни, мирисни, меки и вкусни чупавци!
Потребни состојки: 3 поголеми јајца, 1 ½ чаша шеќер, 1 ванилин шеќер, ½ чаша масло, 2 чаши брашно, ½ прашок за печиво, 1 чаша јогурт. За мерење се користи една чаша од 200 мл. За натопување: 200 г чоколадо за готвење, 150 мл млеко, 1 ванилин шеќер, 2-3 лажици шеќер во прав, 50 г путер или маргарин и 1 кесичка кокос за валкање на чупавците
Постапка: Јајцата, ванилин шеќерот и шеќерот добро пенасто изматете ги со миксер. Додадете масло. Повторно малку со миксер изматете, па додадете просеано брашно измешано со половина прашок за печиво.
Миксајте на најмала брзина со миксерот или со рачна маталка, па на крај додадете јогурт и повторно лесно соединете. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап и печете додека бисквитот не зарумени на 180 степени.
Чоколадото растопете го на пареа, додадете ванилин шеќер, шеќер во прав, масло и млеко. Сето тоа добро промешајте го на пареа додека да се претвори во еднолична смеса.
Готовиот и изладен колач исечете го на коцки. Секоја натопете ја во смесата од чоколадо, па во кокос, оставете добро да излади. Мене чупавците ми се најубави следниот ден кога колачот убаво ќе се натопи од чоколадото. Тогаш се најсочни. Ги чувам во пластична кутија со капак.