Баклава колач со мерки на чаша – готова за 30 минути. За многумина е омилен, особено за љубителите на шербетни колачи. Секој залак буквално ви се топи во уста.

Потребни состојки:

4 јајца, 2 шолји шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја гриз, 1 шолја остро брашно, 2 шолји мелени ореви

За шербет: 500 мл вода, 2 шолји шеќер

Постапка:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќер па додадете ги останатите состојки. Најдобро е прво да ги додавате течните состојки, а на крај сувите, односно, двете брашна претходно да ги измешате.

Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Врелиот колач прелијте го со млак шербет.

За шербет: зовријте ја водата со шеќерот и варете додека шеќерот целосно да се растопи. Откако ќе зоврие оставете да се вари 3-4 минути, а пред крај по желба додадете лимонов сок.

Оставете го малку на страна да подизлади, да не е премногу врел кога ќе го преливате.

Колачот откако ќе прелиете рамномерно со шербетот, наросете го со мелени ореви. Се користи шолја од 200 мл. Јас правав половина од количината па ми излезе потенка.

сoolinarika.сom