Фото и рецепт: Ката Стоквиш
Потребни состојки:
1 чаша (од 250 мл) вода
1 чаша масло
2 чаши газирана вода
600 г гриз
1 рака брашно
2 раце шеќер
За шербет:
1 кг шеќер
1 литар вода
Постапка:
Се ставаат течноте состојки на оган да зовријат и веднаш се тргаат на страна (колку еден клуч).
Во друг сад се мешаат сувите состојки и веднаш се ставаат во зовриената вода. Се меша со вољушка бидејќи е врело.
Откога смесата ќе излади се формираат гурабиите и се редат во тепсија.
Вака формираните гурабии се засекуваат одозгора со нож. Се печат на 170 степени.
За шербет: се ставаат водата и шеќерот да зовријат, па ринглата се намалува на 1 и така се остава додека гурабиите се печат.
Откако ќе заруменат гурабиите, се исклучува рерната и се полеваат со шербетот. Шербетот се става на 3 пати и при секое полевање се враќаат во рерна.
Последниот, третиот пат ги полевате, ги враќате во рерна и ги оставате така да отстојат до следниот ден, без да ја отворате рерната.
Во шербетот можете да ставите и малку сок од лимон и малку ванилин шеќер.
Гурабии (Фото и рецепт: Ката Стоквиш)