Многу едноставно се приготвува, а згодна е за појадок, ручек или вечера, секогаш кога немате доволно време. Одлична е со шолја јогурт или кисело млеко.
Потребни состојки: 3 јајца, 200 мл кисело млеко, 1 прашок за печиво, 150 мл млеко, 300 г рендан кашкавал, 250 г брашно, сол по вкус
Постапка: Изматете ги јајцата со малку сол, па додадете ги млекото и киселото млеко. Добро промешајте.
Во брашното додадете го прашокот за печиво, промешајте и постепено додадете го во течните состојки. Убаво промешајте за да се добие изедначена смеса. На крај додадете го ренданиот кашкавал.
Не е потребно да се додава масло, затоа што при печењето кашкавалот ќе си испушти доволно сопствено масло, а погачата нема да биде премрсна.
Откако сите состојки ќе се измешаат, смесата се излева во намастена тепсија и се пече околу 25 минути на 200 степени.
КОМЕНТАР – Јас ставив: 400 мл кисело млеко, 100 мл свежо млеко, 200 г брашно, 100 г пченкарно брашно, 3 јајца, 1 прашок за печиво, 300 г рендан кашкавал и сол по вкус
Се приготвува исто со тоа што јас тепсијата ја намастив и ја наросив со пченкарно брашно за да не се залепи смесата при печењето. Многу е убаво ако одозгора пред печењето се нароси една дробено дробено кравјо сирење.