Фото и рецепт: Верица Николиќ

Потребни состојки:

220 г мешавина за ‘ржан леб
300 г пченично црно брашно Т-1100
200 г пченично бело брашно
420 мл вода
100 мл масло
1 коцка квасец
1+1 лажичка шеќер
2 лажички шеќер

Постапка:

Во топла вода со една лажичка шеќер се раствора квасецот и се остава да се активира. Во еден сад се мешаат сите три вида брашно, се додава лажичка шеќер и солта. Со лажица се промешува. Потоа се додава маслото и активираниот квасец. Се замесува тесто со минимално додавање на брашно, се меси 2-3 минути. Се обликува тестото во топка и се остава во сад покриен со проѕирна фолија за да ја удвои својата величина.

Леб во огноотпорен сад (Фото и рецепт: Верица Николиќ)

Огноотпорен сад со величина од 2,8 литри добро се намастува со путер или маргарин или масло. Тестото се премесува и нежно се формира во форма на валјак според должината на садот во кој ќе се пече.

Сега ќе ви откријам една мала тајна, како лебот да остане мек како душа дури три дена. Имено, кога лебот ќе го обликувате како валјак, подигнете го тестото во вис и со цела тежина спуштете го (треснате го) на работната површина. Ова повторете го 2-3 пати. Тестото малку ќе се рашири. Потоа префрлете го во садот (немојте да силно да го притискате), поклопете го со капак и оставете го уште еднаш да кисне и да се удвои.

Леб во огноотпорен сад (Фото и рецепт: Верица Николиќ)

Вака стасаното тесто премачкајте го со врела вода во која сте раствориле сол. На тој начин ќе добие многу тенка и мека кора. Поклопете со капакот кој исто така, сте го намастиле, па лебот ставете го да се пече во ладна рерна и вклучете на 200 степени 16 минути. Потоа намалете на 190 степени и печете го следните 34 минути.

Печениот леб извадете го од рерна, тргнете го капакот и уште еднаш премачкајте го со мешавина од леб и сол. Прекријте го со кујнска крпа и оставете го така пет минути. Потоа извадете го од садот, завиткајте го целиот во кујнска крпа и оставете да излади, па сечете го и послужете го.

Леб во огноотпорен сад (Фото и рецепт: Верица Николиќ)

Леб во огноотпорен сад (Фото и рецепт: Верица Николиќ)