Home Рецепти ХИТ ТОРТА од лешник, кокос, бисквити…Сите ми го бараат рецептот…

ХИТ ТОРТА од лешник, кокос, бисквити…Сите ми го бараат рецептот…

Оваа торта стана апсолутен хит, сите ми го бараа рецептот!

Потребни состојки: 1 литар млеко, 2 пудинг од ванила, 250 г шеќер, 3 ванилин шеќер, 1 чоколадо за готвење, 200 г мелени лешници, 200 г кокос, 200 г мелени бисквити, 1 кутија пепит бисквити, 2 шлаг пена и 250 г путер/маргарин

Постапка: Пудингот разматете го со малку млеко, а остатокот ставете го со шеќерот да се свари.

Со постојано мешање додавајте му го разматениот пудинг додека да згусне, а потоа тргнете го на страна да излади. Кога пудингот ќе излади, помешајте го со пенасто изматен путер и ванилин шеќер, па добиениот крем поделете го на 3 еднакви дела.

Во првиот дел додадете растопено чоколадо и лешници, во вториот кокос, а во третиот мелени бисквити.

Редете: ред бисквити, прв фил, ред бисквити, втор фил со бисквити, ред бисквити, трет фил со кокос, ред бисквити, шлаг.