На сите им е позната варијантата за слатко од цели сливи со јатка орев во нив, но ова е исто така превкусно „растурено“ слатко.
Потребни состојки:
1 кг сливи
1 кг шеќер
1 лимон
1 стапче ванила или екстракт
1 лажица рум – не мора
150 г сечкани ореви
Постапка:
Сливите излупете ги и преполовете ги, а оревите ситно исечкајте ги.
Шеќерот сварете го со една чаша вода.
Кога шеќерот ќе се растопи додадете ги сливите и варете ги околу 20 минути на тивок оган. Внимателно мешајте и тргајте ја пената од врвот.
После 20 минути се додаваат оревите, лимонот исечкан на тркалца, ванилата и румот.
Варете го слаткото уште 15 минути. Кога е варено го прекриваме со влажна крпа и го оставаме преку ноќ.
Следниот ден се складира во тегли и се чува на ладно и темно место.