ЛУБЕНИЦАТА Е НИСКОКАЛОРИЧНА НАМИРНИЦА, БОГАТА СО ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ НО ВИСОК ГИ (гликемиски индекс)

Лубеницата може да помогне при намалување на килограмите, а доколку се одлучите за детокс, најдобро е да биде во времетраење од 6 до 10 дена, но може да помогне и забрзан детокс од 5 дена.

Доколку се одлучите за долготраен план, тој треба да се состои од две фази. Првите три дена се јаде само лубеница. Во втората фаза се додаваат останатите намирници, а лубеницата се јаде како меѓуоброк.

Втората фаза не е рестриктивна како првата и може да трае од 6 до 10 дена и бидејќи лубеницата содржи многу вода, можеби ќе немате вообичаена потреба за пиење вода како обично.

ЛУБЕНИЦАТА ВЕ ОДРЖУВА СИТИ

Во втората фаза, менито изгледа вака: за појадок се јаде порција овесни снегулки со млеко и неколку лажици ситно кравјо сирење, за меѓуоброк 2 до 3 парчиња (фелки) лубеница, за ручек пилешко филе, риба има немасно парче говедско, салата од било кој зеленчук со малку маслиново масло и киселина, а за вечера 2 до 3 парчиња (фелки) лубеница.

Лубеницата може да помогне во слабеењето бидејќи дава чувство на ситост и поволно делува на дигестијата. Покрај тоа, има природна блажина па со тоа помага во кризите за чоколадо или сладолед. Богата е со влакна кои оддржуваат ситост и спречуваат прејадување.

Доколку се одлучите за 5 дена, следете го менито од таблицата подолу.

ЛУБЕНИЦАТА СЕПАК ИМА МАНА!

„Иако лубеницата е богата со хранливи состојки и има малку калории, таа сепак има висок гликемиски индекс.

Кај луѓето кои се чувствителни на високи скокови на шеќерот, потребна им е доза внимателност, па лубеницата мораат да ја комбинираат со намирници кои имаат низок ГИ, како на пр.: јаткасти плодови, цреши, црн леб, леќа, јаболка.

Тоа не мора да биде во ист оброк, но треба да се има во предвид, добро да се комбинираат намирниците за да се анулира високиот индекс на лубеницата“, објаснува нутриционистот Мирна Трумбеташ.

Откако ќе заврши диетата со лубеница, за да се оддржи процесот на слабеење, треба да се заменат соковите со обична вода и лубеница. Најдобро е лубеницата да се исечка на помали коцки и да се замрзне. Потоа, една рака смрзнати коцки да се стават во чаша со вода. По испивањето на оваа вода, се јаде лубеницата.

Со помош на лубеницата се намалува и количеството на оброкот. Јадењето помали оброци е еден од најдобрите начини за губење килограми, а лубеницата може да помогне во одржувањето на ситоста.

МЕНИ ЗА ДЕН 1

-Појадок: фелка лубеница, филџан кафе или зелен чај
-Ручек: 150 г готвено немасно говедско месо, 150 г варен ориз, фелка лубеница
-Вечера: 100 г свежо кравјо сирење, парче интегрален леб, фелка лубеница

МЕНИ ЗА ДЕН 2

-Појадок: фелка лубеница, филџан кафе или зелен чај
-Ручек: 100 г варени пилешки гради, парче целозрнест леб, фелка лубеница
-Вечера: 100 г риба на скара, 100 г варен ориз, 2 фелки лубеница

МЕНИ ЗА ДЕН 3

-Појадок: фелка лубеница, парче леб-тостиран, филџан кафе или зелен чај
-Ручек: 50 г тестенини со кечап. Три фелки лубеница
-Вечера: Зеленчукова салата, неограничени количества лубеница

МЕНИ ЗА ДЕН 4

-Појадок: 2 фелки лубеница
-Ручек: супа од брокула, парче целозрнест леб, 2 фелки лубеница
-Вечера: 3 средни компири, печени во рерна, 2 фелки лубеница

МЕНИ ЗА ДЕН 5

-Појадок: 3 фелки лубеница
-Ручек: 150 г готвено немасно говедско месо, неограничена количина лубеница
-Вечера: парче целозрнест леб, 100 г кравјо сирење, 3 фелки лубеница

Важно: Нутриционистите се против брзите (јо-јо) диети. Единствениот и долгорочен начин за слабеење е промена на навиките за исхрана. Мирна Трумбеташ вели дека лубеницата е извонредна намирница и дека треба да се јаде, но никако да не се претерува со исфрлањето на другите намирници во желбата за брзо слабеење.