Таратур со одличен освежителен вкус – Потребни состојки: 5-6 чешниња лук (или по вкус), 100 г ореви, 50-100 мл масло, 1 кг кисело млеко или кисела павлака, 1 краставица, 1 лажица оцет или лимонов сок (за оние кои сакаат покиселкаст вкус), сол по вкус,
Постапка: Во аван ставете исчистени 100 г ореви, лук и малку сол, па заедно истолчете ги со дрвен толчник, со повремено додавање на масло додека да добиете бела каша. Во кашата додадете кисело млеко, оцет, ако е потребно малку вода и ситно исечканата краставица.
Добро измешајте за да се соединат состојките. Доколку продуктите не ви биле претходно изладени, оставете ја салатата малку во фрижидер да излади пред послужување, но најдобро е веднаш да се послужи. Украсете со свеж магдонос и малку ореви наросете одозгора. Послужете како мезе или предјадење.