Пилешката салата со сусам и тестенини може да стане и цел оброк, особено во летните денови. Посебно е одлична како вечера, фина, лесна и сочна.
Потребни состојки: 1 помало парче бело месо, 1 помала главица кромид, 1 лажица сув зеленчук (вегета), 200 мл вода, 50 мл масло, 400 мл павлака, 50 мл мајонез, 150 г младо сирење, 3 лажици сусам, магдонос, 1-2 лажички ленено семе и 300 – 400 г тестенини по избор
Постапка: Кромидот изблендирајте го со малку вода, па заедно со остатокот од водата, маслото и исечканото бело месо ставете го на оган да се динста. Кога водата ќе испари месото би требало да биде готово. Тестенините сварете ги според упатството.
Во тава запржете го сусамот на суво колку да замириса и оставете го да излади. Во поголем сад ставете го белото месо. Ако парчињата се крупни, дополнително исечкајте ги. Не го ставајте кромидот и маслото во кое се динсташе месото, туку само онолку колку што се задржало на самите парчиња.
На тој начин ќе има само вкус а нема да биде премасно. Врз месото додадете павлака, исечкано сирење на ситни коцки, мајонез и тестенина, па сето наросете го сусам, ленено семе и магдонос. Внимателно измешајте да се изедначи и соедини, па послужете.