Фотографија и рецепт на Родна Трпеска
Потребни состојки: 3 јајца, 150 г шеќер, 15 лажици млеко, 15 лажици масло, 15 лажици гриз, 15 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 200 г мелени ореви. За шербет: 400 г шеќер и 400 мл вода
Постапка: јајцата пенасто изматете ги со шеќерот, па потоа постепено додавајте ги останатите состојки. На крај додајте ги мелените ореви и лесно со лажица промешајте од долу кон горе.
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех со димензии 20х30 (или 20х25) и со лажица израмнете. Колачот печете го во загреана рерна на 180-200 степени додека убаво да зарумени.
Оставете да излади, а во меѓувреме сварете го сирупот: водата со шеќерот да зовријат околу 5 минути. Изладениот колач исечете го на коцки, па прелијте го со топлиот сируп.
Фотографија и рецепт на Анита Стојановска