Ајдучката трева е кралица на билките, таа во старите книги за лековити растенија е запишана како „лек против сите болести”. Затоа таа се користи таму каде што ништо не помага и каде што повеќе нема надеж. Ајдучката трева може да се најде како бела (Achilea millefolium) и жолта (Achillea filipendulina).
Ајдучката трева е една од најдрагоцените лековити билки. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш најмногу содржи етерично масло.
Етеричното масло се користи за подготовка на креми за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата. Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамини К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум.
Конвенционалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките.
Поволни дејства: поволно влијае на органите за варење; делува на коскената срцевина и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца; го запира крвавењето од белите дробови; има благо седативно дејство; делува како антисептик и аналгетик; чајот од ајдучка трева помага и при ангина пекторис (во вид на чај само).
Потоа помага кај анксиозност, гастритис, гихт, грчеви во стомакот, недостаток на апетит, нервоза, несоница, осип, зголемен крвен притисок (делува како диуретик), шеќерна болест, чирови, хемороиди (поради витаминот Ц кој го содржи), ревматизам и др.;
Облогите и бањите помагаат кај брадавици, испукани раце, осип, отворени рани, псоријаза, исеченици и изгореници, кожни болести; лековитите препарати од ајдучка трева во комбинација со други лековити билки лечат колитис, гастритис, грчеви во желудникот и цревата;
Калиумот кој се наоѓа во оваа билка помага во работата на бубрезите, срцето и крвотокот; ја прочистува крвта и органите за варење, помага кај болести на црниот дроб и жолчката, затоа што ја прочистува крвта; чај од ајдучка трева се користел како народен лек кај жени кои имале проблеми со менструалниот циклус и цисти на јајниците.
ПРЕПАРАТИ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА – Чај – се препорачува да се консумира топол при настинки и ладен при циститис. Тинктура – при проблеми со репродуктивниот систем и покачен крвен притисок. Бањи – при иритации на кожата. Седечки бањи – за циститис, в агинални инфекции, хемороиди, обилни менструации. Есенцијално масло – при воспаленија на кожата.
Чај од ајдучка трева – Цветовите, листовите и стеблото на ајдучката трева може да се користат за правење на чај за лекување на благи респираторни инфекции, покачена температура, гребнатинки и оспи на кожата. Чајот од ајдучка трева некогаш бил популарен домашен лек за настинки и грип.
При подготовка на чај може да се користи свежа или сува ајдучка трева. Чајот од ајдучка трева има малку горчлив вкус, а по желба може да се заслади со мед или шеќер. Потребни состојки: 1 лажичка сува билка ајдучка трева (или 3 свежи цветови), 200 мл вода, ½ лажица свеж сок од лимон и 1 лажичка шеќер или мед.
Постапка: Во сад на оган ставете ја водата да зоврие, па ставете ја ајдучката трева, садот поклопете го и оставете го да отстои 10 минути. Потоа процедете, а по желба засладете го и додадете свеж сок од лимон.
Се препорачува да се консумира додека е топол! Не се препорачува за чувствителни лица (кои се алергични на оваа билка) и за бремени жени и доилки.
Во народната медицина ајдучката треба зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени, и отстранување на непријатните симптоми во менопаузата. Една шолја чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на жени.
Директно делува на коскената срцевина и во неа поттикнува создавање на црвени крвни зрнца. Затоа кај болестите на коскената срцевина, па и кај гноењето на коските, кога лекарствата не помагаат, треба да се применуваат терапии со чај од ајдучка трева.
Бањи од ајдучка трева – 100 грама ајдучка трева ( цела билка ) да се остави цела ноќ да биде во студена вода, наредниот ден затоплувајте ја водата со ајдучката трева додека да проврие, а потоа додајте ја во водата за капење.
Свештеникот Кнајп во своите списи кажува: „Жените би биле поштедени од многу болести кога на време би почнале да ја користат ајдучката трева!” Болките предизвикани од воспаление на јајници често престануваат веќе по првата бања од ајдучката трева, а воспалението постепено се смирува.
Бањите се успешни и кај мокрење во кревет кај деца и стари лица. Во случај на миоми, бањата треба да се применува секојдневно подолг временски период, додека на лекарската контрола не се потврди дека резултатот е негативен.
Жените во менопауза би требало да пијат чај од ајдучката трева затоа што овој чај ќе го намали внатрешниот немир и другите тегоби.
Ајдучката трева е ефикасна и во третманите за лекување на мигрена, несвестица, ги елиминира нагоните за повраќање, помага при солзење и голема секреција на очите, крвавење од носот и др.
Таа е одлична за прочистување на телото, регулирање на хормоните и стабилизација на метаболизмот, како и за чистење на црниот дроб, при состојби на труења, вирусен хепатит и други болести кои го напаѓаат црниот дроб.
Делува моќно и е одлична за смирување на нервниот систем во состојба на психичко растројство. Се користи при несвестица, мигрена, нагон за повраќање, за очни болести. Се користи и за женски болести, при мокрење во кревет кај деца и стари луѓе.
Ајдучката трева директно делува на коскената срж и на создавање на црвени крвни зрнца. Се употребува како антитромботичко средство при мозочни удари. Има јако антибактериско дејство против стафилококи, ешерихија, кандида и други инфекции.